Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 162.980 статии на македонски јазик и 271 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмаркмакедонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени Моето учество во револуционерните борби на Македонија. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 8 јули 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

70  Римјаните го освојуваат и разрушуваат Ерусалим. Единствениот дел што останува од градот е само западниот ѕид на Соломоновиот храм, денес познат под името Ѕид на Плачот.
1497  Португалскиот морепловец Васко де Гама испловува од Лисабон на патувањето кое ќе му овозможи да го открие поморскиот пат кон Индија.
1997  Усвоен Законот за употреба на знамињата, со кој беше регулирана употребата на македонското државно знаме, а беше забранета употребата на знамиња на други држави во државните и локалните установи.
2022  Во Нара извршен атентат врз поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе додека држел говор на митинг.

Родени:

1621  Жан де Лафонтенфранцуски поет и баснописец.
1809  Људевит Гајхрватски идеолог и водач на Илирското движење.
1819  Ватрослав Лисинскихрватски композитор.
1839  Џон Дејвисон Рокфелер — американски индустријалец и филантроп.
1877  Елин Пелин — бугарски писател.
1885  Ернст Блохгермански филозоф.
1891  Јозеф Хора — чешки поет.
1893  Фердинанд Цепелингермански генерал и конструктор на воздушните бродови.
1909  Петар Шегедин — хрватски писател.
1936  Габи Новак — хрватска пејачка.
1943  Илија Карајанов — македонски поет, есеист и критичар.
1948  Слободан Шнајдер — хрватски писател.
1951  Анџелика Хјустон — американска глумица, режисерка манекенка.
1958  Кевин Бејкон — американски глумец.
1961  Фикри Фејзули — член на ОНА.
1961  Енди Флечер — англиски електро-поп музичар.
1967  Клаус Чичерпремиер на Лихтенштајн.
1970  Бек — американски рок-музичар.
1972  Вјорел Молдован — романски фудбалер.
1977  Кристијан Абијати — италијански фудбалски голман.
1977  Паоло Тиралонго — италијански велосипедист.
1980  Роби Кин — ирски фудбалер.
1984  Марина Мијаковска — македонска поетеса.
1988  Џеси Сарџент — новозеландски велосипедист.
1990  Кевин Трап — германски фудбалер.
1991  Вирџил ван Дајк — холандски фудбалер.
1992  Никита Гусев - руски хокеар.
1992  Сон Хеунг-мин — корејски фудбалер.

Починале:

1153  Евгениј III — римски папа.
1623  Григориј XV — римски папа.
1822  Перси Биш Шелианглиски писател.
1932  Александар Грин — руски писател.
1946  Александар Василевич Александров — руски и советски композитор.
1967  Вивиен Лиамериканска филмска и театарска глумица.
1994  Ким Ил Сунгкомунистичкиот водач на Северна Кореја.
1998  Душан Вукотиќ — југословенски аниматор.
2010  Крум Томовски — македонски академик, архитект и конзерватор.
2018  Теб Хантер — американски глумец.
2022  Шинзо Абе — јапонски политичар и двократен премиер, убиен со атентат на јавен политички собир.
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот

Долината на Долна Висла во Кокоцко, Полска.
Дали сте знаеле...


Кикиритка
Кикиритка


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 162.980 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич